(Фото) Меган му се врати на стариот начин на живеење

Поранешната војвотка и глумица Меган Маркл му се врати на стариот начин на живеење. Откако со нејзиниот сопруг, поранешниот принц Хари, го напуштија кралското семејство, таа сега може да ги прави сите оние работи што ѝ беа забранети додека беше дел од кралската палата.

Меган сега повторно се вклучи во работата на организациите, како што се Обединетите нации, и да се занимава со прашања поврзани со политката. Таа неодамна го прифати повикот од организаторите на една конференција, каде што зборуваше за расизмот, психичкото здравје и зацврстувањето на жените.

Меган ги изненади сите и со својот изглед. Досега како дел од кралското семејство беше препознатлива со пунџата и локните, но сега се одлучила за поинаков изглед – долга црна рамна коса. Таа се појави преку онлајн-врска, а на себе носеше обичен син фустан.

Меган немаше многу шминка на себе и беше пристојно облечена. Сепак, како што пренесуваат медиумите, должината на нејзината коса го привлече најголемото внимание кај сите присутни.

Scroll to Top