(Фото) Метју Пери се сврши со 22 години помлада девојка

Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери (51), ја побара за жена својата девојка Моли Хурвиц, пренесе магазинот „Пипл“. Популарниот глумец и Моли (29) се во врска од 2018 година, но во јавноста првпат се појавија лани.

„Решив да се женам. За среќа, бев во врска со најдобрата жена на светот кога ја добив таа идеја“, рекол Пери за „Пипл“ и ја потврдил веста за свршувачката.

Тие, според американските медиуми, веќе некое време живеат заедно, а Моли уште лани за новогодишните празници го запознала семејството на Пери.

 

 

Scroll to Top