(Фото) Миг Џегер има 43 помлада жена: балерината Мелани вчера славеше роденден со љубовна фотографија

Поранешната балерина Мелани Хемик објави фотографија на „Инстаграм“ со пејачот Мик Џегер (77) со кого е во врска. Таа ретко кога обајвува нивни заеднички фотографии.

Со нив позира и нивниот четиригодишен син Деверо, а на фотографијата Мелани го бакнува Мик во образот. Оваа фотографија е објавена за 34. роденден на партнерката на Џегер.

„Денес ја чувствувам целата љубов. Ви благодарам на сите за прекрасните пораки“, напиша Мелани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Hamrick (@melhamrick)


Џегер за неколку дена ќе го прослави својот 78. роденден, односно на 26 јули. Деверо е најмалото од осумте деца на пејачот. Мик има и пет внуци.

Мелани и Џегер не објавуваат често заеднички фотографии или се појавуваат во јавност. Тие се запознаа во 2014 година, само неколку дена пред тогашната девојка на Мик, Л’Врен Скот, да биде пронајдена мртва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Hamrick (@melhamrick)

Scroll to Top