Ева Лонгорија е преубава, презгодна, „пресовршена“…. Хм, кој епитет уште можеме да и го придадеме? Сепак, она во што е посебан е што убавата актерка е тоа што таа секогаш, ама баш секогаш, гордо го истакнува својот изглед и својата фигура, дури и во ситуациите кога ќе нафрли некое килце повеќе или ќе има малку целулит. И знаете што? Баш поради тоа, таа е така преубава, презгодна, и „пресовршена“, иако сигурно би се нашол некој кој ова би го демантирал.
Актерката во моментов ужива со својот сопруг во летото и гордо шета по плажата во минијатурно бикини кое покажува дека Ева помалку се „запустила“, односно, се угоила, и нафрлила малку целулит, но без оглед на тоа, таа со подигната глава шета по плажата, а жените ширум светот тотално ја поддржуваат.
Така, многу коментираат дека актерката е совршена во својата несовршеност, и дека баш ништо не би требало да менува на себе, а ние немаме баш ништо да додадеме на ова!