(Фото) Новата девојка на Берлускони е 53 години помлада од него

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има нова девојка, која е дури 53 години помлада од него.

Во прашање е Марта Фашини, неговата колешка од партијата Форца Италија. Двајцата се забележани како се држат за рака, а фотографиите ги објавил таблоидот „Чи“.

Се зборува дека Берлускони намерно дозволил да биде објавена фотографијата во јавноста за да ѝ се одмазди на својата поранешна партнерка Фрачнеска Паскале (35).

Франческа претходно е видена заедно со пејачот Паоло Турчи. Медиумите пишуваат дека ваквата врска тешко му паднала на Берлускони. Тој е познат по неговиот богат и љубовен живот.

24 години беше во брак со глумицата Вероника Ларио (64), а 20 години со Карла Елвира Лусија дал Оља.

 

Scroll to Top