(Фото) Памела Андерсон и со визир и маска e секси

Американската глумица, плејбој-зајчица и секс-симбол од деведесеттите години, Памела Андерсон, покажа дека и со визир на главата и со заштитна маска на лицето знае да биде секси.

Таа сакајќи да испрати порака до сите да бидат внимателни со пандемијата, облече и позира во специјален костим на аеродромот.

„Модна комбинација за авион. Бидете безбедни“, напиша Памела на „Твитер“ сакајќи да испрати јасна порака до своите фанови да се чуваат од вирусот.

Памела позира во маслинест зелен комбинезон и црни штикли. На главата носеше заштитен визир, а на рамењата црна торба.

На другата фотографија под визирот носеше и заштитна маска за лицето за дополнително се заштити од Ковид-19. Долгата руса препознатлива коса ѝ беше завиена во локни.

„Многу ми се допаѓаш како изгледаш, но тие штикли изгледаат неудобно“, „И понатаму си многу секси“, „Како и секогаш, изгледаш фантастично. Каде патуваш?“, биле само некои од коментарите.

Scroll to Top