Наследничката на хотелите „Хилтон“, Парис Хилтон, по една година призна откри дека е во врска со писателот и претприемач, Картер Реум. Таа објави слика на Инстаграм и му ја честиташе годишницата.
„Сакам да создавам спомени со тебе“, напиша таа покрај сликата.
Парис и Картер се појавија првпат заедно на доделувањето на наградите Златен глобус. Тогаш првпат почна да се зборува дека се во врска. Картер е долгогодишен пријател на семејството Хилтон, кој со својот духовен бренд VEEV Spirits се наоѓа на списокот на 500. најбрзорастечки приватни компании во САД.
39-годишната Парис пред ова беше верена со глумецот Крис Зилка. Претходно таа беше верена уште три пати, но никогаш не се омажи.