(Фото) Патрик Демпси со реплика од „Вовед во анатомија“ ги повика луѓето да носат маски

Глумецот Патрик Демпси, познат како доктор Дерик Шепард од серијата „Вовед во анатомија“, испрати јавна порака дека луѓето мора да носат маски за да се заштитат од короната. Тој на инстаграм објави слика со маска и ја искористи познатата реплика од серијата, што ја кажуваше неговиот лик често пред да влезе на операција.

„Денес е добар ден да спасиме живот“, напиша 54-годишниот доктор МекДрими покрај сликата.

Подоцна, сценаристите на „Вовед во анатомија“ често ја користеа оваа реплика во серијата.

Пораката на Демпси доаѓа откако во Америка драстично се зголеми бројот на новозаразени од Ковид-19. Калаифорнија и Лос Анџелес се сметаат за ново жариште на вирусот.

Scroll to Top