(Фото) Пирс Броснан побегна со сопругата на Хаваи

By

Глумецот Пирс Броснан заедно со сопругата Кили Шај Смит уживаат на островот Хаваи, каде во моментов се изолирани од опасниот коронавирус. Папараците ги снимија на една од плажите на егзотичниот остров.

Двајцата покажаа дека се во добра форма, беа одлично расположени и не се одвојуваа еден од друг, пишуваат светските медиуми.

Популарниот Џејмс Бонд, пред да биде со Кили, беше во брак со австралиската глумица Касандра Харис, која исто така глумеше во филмот за британскиот таен агент. Касандра глумеше во For Your Eyes Only филм од 1980 година, кога агентот 007 го глумеше глумецот Роџер Мур. Касандра почина во 1991 година, од рак на јајникот.

Пирс има три деца, синот Дилан (23) ќерката Парис (19) која ја доби во брак со Кели и синот Шон (36) кој го доби со Касандра. Покрај нив глумецот ги посвои и Шарлот и Кристофер (47), додека беше во брак со Касандра, а која таа ги доби со нејзиниот прв сопруг Дермот Харисон. Шарлот почина во 2013 година, од рак исто како и нејзината мајка.

Пирс стана славен во улогата на тајниот агент во 1995 година во продолжението Golden Eye, по што стана особено популарен меѓу женските обожавателки.

 

Ќе ви се допадне