(Фото) Полицијата ја уапси Селена Гомез среде Њујорк: Драматично на снимањето на новата серија

Папараците ја фотографираа поп-sвездата Селена Гомез во центарот на Њујорк, цела во крв додека полицијата била на сите страни. Сцената во која полицијата ја апси е всушност една од сцените во серијата во која пејачката го игра еден од главните ликови.

Станува збор за снимањето на телевизиската серија „Only Murders in the Building“, каде што Селена во улогата на Мејбел, ќе глуми заедно со Стив Мартин и Мартин Шорт.

Според магазинот „Дедлајн“, серијата следи три лика кои се опседнати со убиства, и завршуваат како главни протагонисти. „Only Murders in the Building“, е дел од новиот проект на стриминг платформата „Хулу“.

 

 

Scroll to Top