(Фото) Рејнолдс, Хајек и Џексон на едрење во Ровињ, на Истра

Рајан Рејнолдс, Селма Хајек и Семјуел Л. Џексон во моментов престојуваат во Ровињ, на Истра каде го снимаат својот најнов филм The Hitman’s Wife’s Bodyguard.

Актерите велат дека се воодушевени од убавините на хрватскиот град, а освен снимањата на акциските сцени, уживаат во пазарењето низ хрватските пазари.

Рејнолдс, Хајек и Џексон беле снимени додека пловеле на едрилица, а на лицето на Рејнолдс му останало шминка од снимањето. Актерот фотографијата ја објавил на социјалните мрежи со саркастичен коментар.

„Ако сакате повторно и повторно да добивате удар во лице, тогаш ви ја препорачувам Хрватска. Го сакам ова место“, напишал Рејнолдс под фотографијата.

Селма Хаек, Рајан Рејнолдс и Семјуел Џексон новиот филм го снимаат во Хрватска

Scroll to Top