(Фото) Ријана позираше во проѕирна долна облека

Пејачката Ријана позираше полугола и го рекламираше својот бренд на долна облека Savage x Fenty. Таа се сликаше со проѕирен комплет и за неколку часа собра повеќе од шест милиони лајкови, пишуваат светските медиуми.

„Шефицата се врати“, напиша Ријана на социјалните мрежи. Пејачката во последните неколку недели не беше толку посветена во рекламирањето на своите брендови, а е позната по тоа дека себе си самата си е најдобра реклама.

Нејзиниот бренд за кратко врме стана вистински хит на социјалните мрежи. Жените ширум светот во неа гледаат сексипилна жена и можност да се чувствуваат заводливи без разлика на бројот на облеката.

Ријана е голем заговорник на инклузивност и промоција на различни типови на убавина. Таа со својот пример се обидува да им покаже на жените дека можат да се чувствуваат убаво во својата кожа, без разлика на нивната тежина. Нејзината линија за долна облека, во првата година заработи 72 милони долари.

Цените на нејзините производи се достапни за сите.

 

 

 

Scroll to Top