(Фото) Рис Витерспун пијана падна на скалите на роденденот на Џенифер Анистон

Добитничката на Оскар, актерката Рис Витерспун го украде вниманието на забавата на Џенифер Анистон, кој го организираше по повод нејзиниот педесети родеден.

Витерспун на забавата испила повеќе чашки алкохол од вообичаеното, па во одреден момент, актерката се сопна на скалите и падна на подот. На помош веднаш притрчаа работниците во хотелот каде се одржуваше забавата.

Рис е добра пријателка на Анистон, а двете заедно глумеа во серијата „Пријатели“.

На роденденот на Анистон, покрај Рис, пристигна и поранешниот сопруг на Анистон, Бред Пит. Неговото присуство многумина го протолкуваа како можно смирување.

Scroll to Top