(Фото) Роналдо во карантин, а Георгина на шопинг

Додека фудбалерот на Јувнетус Кристијано Роналдо се наоѓа во карантин, во неговиот дом во Португалија, неговата партнерка Георгина замина на шопинг. Фудбалерот беше снимен од папараците како се сонча на балконот од неговата куќа на седум ката.

Роналдо се повлече во својата земја, откако неговиот соиграч во клубот Даниеле Ругани стана првиот играч во италијанското фудбалско првенство, кој беше позитивен на коронавирусот. Ѕвездата на Јувентус реши да се повлече во изолација додека трае епидемијата.

Роналдо замина во Португалија и пред да се дознае дека Ругани е болен. Ѕвездата на Јувентус беше во посета на неговата мајка која неодамна доживеа мозочен удар.

Поради тоа Роналдо не можеше да се врати во Италија и остана во самоизолација во Португалиа. Со Ругани ја делеше соблекувалната пред две недели, кога Јувентус го победи Интер на празен стадион. Фотографијата на „Инстаграм“ ја сподели Миралем Пјаниќ и на неа се гледа како Роналдо и Ругани ја славеа победата.

Сите кои беа во контакт со Ругани сега се во самоизолација.

 

Scroll to Top