(Фото) Саманта Фокс се сврши со својата девојка

Еден од најголемите секс-симболи во 1980те години, Саманта Фокс, објави дека се свршила со својата девојка, Линда Олсен. Саманта и осум години помладата Линда почнале да се гледаат пред неколку години, откако починала претходната девојка на Фокс, Мира Стретон.

„Љубовта е поголема од сè и не можете да одберете во кого ќе се вљубите“, рекла пред дваесетина години британската поп-sвезда. Таа и Мира биле во врска 12 години заедно, а пред четири години Мира починала од рак.

По ова, Саманта ја запознала својата нова девојка.

„Саманта и Линда се многу среќни и сакаат да го поминат остатокот од животот заедно. Вљубени се, се сакаат и сакаат тоа да биде и официјално“, изјавил извор за „Сан“.

Поради пандемијата на коронавирус, Саманта и Линда нема да се венчаат до крајот на годината, иако, претходно на пријателите им кажале дека сакаат да се венчаат веднаш.

Саманта (53) во осумдесеттите години беше една од најпосакуваните жени во светот. Кариерата на почна на 16 години. На почетокот таа беше модел, а во 1986 година ја почна музичката кариера. Читателите на еден британски таблоид во 2006 година ја прогласија за „најдобра девојка од дуплерка на сите времиња”. Саманта Фокс за „Плејбој“ се сликаше во 1996 година и не крие дека со повторно би го направила тоа денес. Таа сака да им докаже на жените дека нема ништо лошо во стареењето.

Scroll to Top