(Фото) Селма Хаек ужива во Грција со сопругот

Атрактивната глумица Селма Хаек летово го минува во Грција, заедно со нејзиниот сопруг милијардерот Франсоа Анри-Пинот.

Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи, на кои позира во темен костим за капење и на која го бакнува својот сопруг со маска.

„Љубов во време на корона“, напиша таа.

Двојка се запозна во 2006 година во Венеција. Пинот во тие моменти се разведувал од неговата поранешна сопруга. Двајцата се венчаа во 2009 година во Париз. Направија приватна церемонија, а голема забава за нивното семејство и пријатели ја имаа во Италија.

Хаек вели дека во животот направила многу погрешни избори, кога станува збор за мажите, сè до моментот додека не го запознала вистинскиот.

„Бев очајна додека не го запознав него. Тој го промени целиот мој живот“, изјави таа во една пригода.

 

Scroll to Top