Сестрата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Лин Бекам Бригс, во новата година се најде во тешки финансиски проблеми. Поради долговите, Лин била принудена дел од парите да ги собере преку Фејсбук.
Таа на интернет во најголем дел почнала да ги распродава работите од нејзините деца. Најмногу за тоа го користела својот фејсбук профил. 47 годишната Лин која е постара сестра на Бекам, порано работела како рецепционерка.
Преку својот фејсбук профил Лин почнала да ги продава детската облека, износените копачки, ќебенца за бебиња, па дури и рерната и сето тоа само за неколку фунти.
Британските медиуми откриваат дека Бекам организиран новогодишна забава на која потрошил 30.000 фунти, додека во исто време неговата сестра моли за да излезе од финансиската криза. Многумина се прашуваат зошто Бекам се држи настрана. Неговото богатство се проценува на неверојатно 339 милиони фунти.
Медиумите не ја отфрлаат можноста дека на Бекам му е здосадено да биде постојано анѓелот чувар за нејзината сестра. Тој веќе во минатото во неколку наврати и помогнал на Лин. Пред 10 години и купил куќа за 250.000 фунти.
Денеска оваа куќа се проценува на речиси 470.000 фунти. Во 1999 година Лин се омажила за Колина Евериј, со кого има три деца. На венчавката присуствувал и Дејвид Бекам, но без својата сопруга Викторија.
Двојката се разделила во 2011 година, а потоа Лин својата венчаница ја продала преку „Ибеј“ за само 5,50 фунти. Набрзо потоа Лин го запознала нејзиниот нов партнер Кевин Бригс. Кевин во неколку наврати завршил и во затвор.
Додека тој бил во затвор Лин продолжила со продажбата на нејзините семејни работи, вклучувајќи ги и автомобилот. Успеала да собере 900 фунти. Нејзин близок пријател сепак го оправдал ваквиот нејзин потег.
„Лин нема работа и се обидува да се грижи за децата како знае и умее. Се обидува да дојде до пари, не бирајќи начин. Таа е принудена да продаде работи од нејзиното минато, кои имаат некаква вредност“, вели пријателот.
Досега за тешката финансиска ситуација во која се нашла Лин, нејзиниот помлад брат Бекам се нема огласено.