(Фото) Шварценегер и девојка му отидоа на шопинг со воен камион

Актерот Арнолд Шварценегер го збогатил својот возен парк со атипично борбено возило пишуваат светските медиуми. Тој бил виден на улиците низ Лос Анџелес во воен камион со зелена боја, а друштво му правела неговата девојка Хедер Милиген. Двајцата застанале покрај еден трговски центар за да пазарат, пишуваат медиумите

Актерот во својата гаража поседува секакви вид на скапи автомобили. Од велосипед со огромни дебели гуми, па борбен „хамер х2“, се до воен тенк. Познато е дека Шварценегер е голем борец против климатските промени и миленик на електричните автомобили.

По тој повод тој неодамна на младата шведска активистка Грета Тунберг ѝ подари електричен автомобил.

 

Scroll to Top