Еден од близнаците на швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го украде вниманието на Вимбелдон, најстариот тениски натпревар во светот, на кој деновиве настапува неговиот татко.
Синот ги покажа сите можни гримаси додека Федерер играше на теренот. Од нервирање, изненадување, па сè до досадување. На моменти мајка му успеваше да му го поврати расположението. Режисерот на турнирот успешно ги ловеше сите добри и лоши моменти со синот на швајцарскиот тенисер.
Роџер со сопругата Мирка Федерер ги има близнаците Лени и Лео, но и близначките Мила Роуз и Шарлен Рива.