(Фото) Специјално ја отворија вежбалната за Џенифер Лопез

By

Во периодот на изолација, поради коронавирусот, вежбалната во која тренира латино пејачката Џенифер Лопез, специјално беше отворена за неа. На вратата јасно се гледаше натписот: Теретаната не е отворена. Останете дома на сигурно“, но тоа не ја спречи пејачката да влезе и да го одработи својт тренинг.

Папараците јаснимија пред теретаната во Мајами, во која обично вежба, а со неа беше и нејзиниот вереник Алекс Родригез. Американските медиуми пренесоа дека сите теретани, ресторани и работилници биле затворени во градот, но оваа ја отвориле приватно за Лопез. На овој начин пејачката го собра бесот од јавноста.

„Само за богатите и славните! Ова е срамота, значи сè се можело кога ќе се плати? А ние сите седиме дома“, бил еден од коментарите на социјалните мрежи.

 

Ќе ви се допадне