(Фото) „Ставете ги проклетите маски, луѓе умираат“, се налути Анистон

Една од омилените холивудски актерки и ѕвезди на серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон (51), апелираше до сите преку својот инстаграм-профил да носат заштитни маски.

Сите знаеме дека Ковид-19 не слабее низ целата планета, дека пандемијата е сè уште во сила и дека Америка е една од најзагрозените земји дури и во овој период, во таканаречениот „втор пик“, така што  актерката се огласи во оваа пригода револтирана дека луѓето не ги почитуваат мерките на претпазливост во борбата со инфекцијата со овој безмилосен вирус, кои вклучуваат задолжително носење маски.

Актерката е фотографирана во спортско издание и изгледа дека штотуку завршила со тренинзите, а на лицето носи црна заштитна маска.

– Разбирам дека маските се неудобни и непријатни. Но, зарем не мислите дека е полошо што бизнисите се затвораат. Се делат откази, а здравствените работници се целосно исцрпени. И толку многу животи ги однесе овој вирус затоа што не правиме доволно.

– Јас навистина верувам во доброто кај луѓето и знам дека сите можеме да излеземе од ова. Но, сепак, има многу луѓе кои одбиваат да ги преземат потребните чекори за да се заштитиме едни со други. Луѓето се грижат дека им се „одземени правата“ со тоа што бараат од нив да носат маски. Оваа едноставна и ефективна препорака се политизира и се плаќа со човечки животи. И навистина не треба да се расправате за тоа.

„Ако се грижите за човечките животи, ве молам, само ставете ги проклетите маски и охрабрете ги сите околу вас да го сторат истото“, напиша Џенифер.

Scroll to Top