Девојката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез вчера дојде на ревијата на италијанската дизајнерка Алберта Ферети на Модната недела во Милано. Таа носеше свилени панталони и кошула, а стилистите го пофалија нејзиниот моден избор. Но, комбинацијата на Џорџина не им се бендиса на сите, па имаше и такви што се пошегуваа дека таа „облекла свилена пижама за ревијата“.
Освен со облеката, девојката на Роналдо го привлече вниманието и со дијамантскиот прстен на нејзината лева рака. Неколку италијански медиуми пишуваат дека Кристијано и Џорџина се вериле, бидејќи пред неколку дена, во интервју за британска телевизија, фудбалерот рече дека планира венчавка со Родригез. Двојката ја има едногодишната ќерка Алана Мартина.