(Фото) Стив од „Беверли Хилс“ не старее

Глумецот Ијан Зеринг, кој во 1990-тите години се прослави со улогата на Стив Сандерс во серијата „Беверли хилс“, воопшто не е сменет. Иако од премиерата на тинејџерската серија поминааа речиси 30 години, Зеринг како да не страее.

56-годишниот глумец нема брчки на лицето ни вишок килограми, а тврди дека никогаш не ставал филери ни ботокс и дека вежба само кога мора.

„Кога си млад можеш да се пофалиш со кожата со која си се родил, ама кога ќе подостариш, имаш кожа каква што заслужуваш“, рече тој неодамна во интервју со Мишел Каран.

Глумецот по улогата на Стив добиваше само мали улоги и не постигна значаен успех во кариерата, но фановите и понатаму го сакаат поради ликот што го прослави пред три децении.

Scroll to Top