(Фото) „Ти си копиле“, внуката на Мусолини против Џим Кери поради карикатурата за дедо ѝ

Внуката на Бенито Мусолини, италијанската политичарка Алесандра Мусолини, го нападна актерот Џим Кери на Твитер откако споделил карикатура на која нејзиниот дедо е обесен со својата љубовница Кларета Петачи.

Кери ја објавил карикатурата во саботата со коментарот „Ако се прашувате каде води фашизмот, само прашајте ги Бенито Мусолини и неговата љубовница Кларета”.

„Ти си копиле“, му напиша Алесандра на актерот, лута заради објавата.

Мусолини и Петачи биле погубени на 28 април 1945 година откако ги фатиле антифашистичките борци. По поразот на фашистичките сили, Мусолини со љубовницата тргнал за Швајцарија од каде сакале да се упатат за Шпанија. Откако биле убиени, комунистите нивните тела ги обесиле наопаку во Милан и му дозволиле на народот да се изживува со нив.

 

Scroll to Top