(Фото) „Тие се вистински убавици“, Сталоне горд на трите ќерки

Холивудскиот глумец Силвестер Сталоне, кој е познат по своите акциони филмови, уште еднаш ја покажа својата емотивна страна и се пофали  на социјалните мрежи со неговите три ќерки.

Тој за нив вели дека се вистински убавици и дека е горд на нив. Сталоне со својата сопруга, некогашната манекенка Џенифер Флавин, со која е во брак од 1997 година, ги има ќерките Софија (23), Систина (22) и Скарлет (18).

„Излегов со моите девојки. Само за кратко ги симнаа маските за да се сликаме. Чувајте се сите“, порача Сталоне на своите многубројни обожаватели.

Покрај големиот број пофални коментари кои ги доби глумецот, фановите му напишаа на Сталоне  дека девојките ја наследиле убавината од неговата сопруга.

Scroll to Top