(Фото) Том Хенкс и сопругата имаат коронавирус

Оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга се заболени од коронавирус. Глумецот објави на социјалните мрежи  дека тој и жена му Рита Вилсон биле тестирани во Австралија, откако почувствувале симптоми на треска и изнемоштеност.
Хенкс во моментов се наоѓа во Австралија каде што работи на претпродукцијата на биографскиот филм за Елвис Присли. Како што вели и самиот во објавата, постојат медицински протоколи за заразените кои сите треба да ги почитуваат. Поради тоа ќе дојде до одложување на снимањето на филмот. Тој и Рита се сместени во карантин.
Scroll to Top