(Фото) Том Хенкс се јави од Австралија, глумецот откри со што се храни во изолација

Оскаровецот Том Хенкс објави фотографија и откри што јаде додека се наоѓа во карантин поради коронавирусот. Тој во моментов со неговата сопруга Рита Вилсон се наоѓаат во Австралија, а минатата недела нивниот син преку социјалните мрежи објави дека и двајцата се заболени од коронавирусот.

„Фала ви на сите за поддршката. Водиме сметка за себе и другите“, напиша Хенкс на фотографијата од неговиот тост, чаша вода и играчките со кенгур и коала.

„Поздрав до сите. Јас и Рита сакаме да ви се заблагодариме на сите тука во Австралија кои одлично водат грижа за нас. Поради коронавирусот кој ни е дијагностициран сега се наоѓаме во карантин за да не ги заразиме другите околу себе. Постојат такви кои можат сериозно да доведат до опасни болести. Одиме ден по ден“, напиша Том.

Глумецот објасни дека во вакви моменти потребно е да се слушаат советите на експертите. Хенкс е првата американска славна личност за која светот дозна дека е позитивна на коронавирусот. Тој со неговата сопруга се разболи за време на снимањето на биографскиот филм за Елвис Присли во Австралија.

 

Scroll to Top