(Фото) Вејн Руни ја изневерил сопругата со мистериозна бринета

Англискиот фудбалер Вејн Руни ја изневерил сопругата за време на неговиот престој во Канада, пишуваат британските медиуми. Англичанецот по неколкучасовната забава со пријателите е виден како влегува во лифт во хотел, а друштво му правела атрактивна девојка.

Мистериозната бринета имала тетоважи на рацете, велат сведоци за британски „Мирор“. Руни, кој неодамна ветил дека ќе го остави алкохолот со цел да го спаси бракот, повторно е виден во пијана состојба, пишува весникот.

Додека Англичанецот се забавува во Канада, неговата сопруга Колин со нивните деца се во Велика Британија. Вејн и Колен веќе подолго време имаат проблеми во бракот, а причината е распуштениот начин на живот на фудбалерот.

„Тој сака да има нов почеток и знае дека со оставањето на алкохолот ќе ги реши проблемите за благосостојба на целото семејство“, вели пријател близок до Руни.

Scroll to Top