Ѕвездата од „Игра на тронови“ кој го глумеше омразениот лик на Тивин Ланистер, Чарлс Денс, е во врска со двојно помлада девојка, пишуваат британските медиуми.
Глумецот бил виден во друштво на мистериозна девојка, за време на неговиот одмор во Венеција. Според пишувањата на „Дејли Мејл“, Денс има турбулентен љубовен живот.
Прво од 1970 до 2004 година беше во брак со Џоанна Хајторн, со која има две деца. По распадот на бракот, тој беше во врска со глумицата Софија Мајклс, која тогаш била во своите дваесетти години. Прекинаа во 2005 година, а тогаш се шушкаше дека Денс е во врска со поранешната манекенка Шамбала Марта.
Потоа четири години одеше со уметничката Елеанор Борман. Двојката во 2012 година ја доби ќерката Роуз. Се венчаа, но љубовта пукна по само неколку месеци.