Фотограф со дрон го снимал синот на Меган и Хари

Глумицата Меган Маркл и нејзиниот сопруг Хари, покренаа правни постапки во САД, против неименуван фотограф, кој со дрон го снимал нивниот 14 месечин син Арчи.

Против неименуваното лице била поведена судска постапка. Тој со дрон се обидел да го сними малиот Арчи во нивната куќа во Лос Анџелес. Меган и Хари поради коронавирусот, биле во изолација во нивниот дом, а фотографот се обидел таквата ситуација да ја искористи за да го сними Арчи. Меган и Хари велат дека на тој начин била прекршена нивната приватност.

„Секој поединец и член на семејството во Калифорнија има законско право на приватност во својот дом. Ниту еден дрон, хеликоптер или телескопски објект не може да им го одземе тоа право“, рече нивниот адвокат Мајкл Камп.

Тој додаде дека Хари и Меган поднеле тужба за да го заштитат правото на нивниот син да ужива во својата куќа, без навалица на новинарите, и да ги спречат оние што сакаат да профитираат од тие фотографии.

Scroll to Top