Фудбалерот Дибала и неговата девојка повторно позитивни на коронавирусот

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, и неговата девојка Оријана Сабатини повторно се позитивни на коронавирусот.

„На 21 март направивме тест на коронавирусот и бевме позитивни. Пред три дена имавме негативен тест, но потоа направивме уште два теста, од кои едниот беше негативен, а вториот позитивен. И понатаму сме заразени и навистина не сфаќам како функционира ова“, објави Сабатини на социјалните мрежи.

Дибала се зарази со коронавирусот од својот соиграч, дефанзивецот Даниеле Ругани, а позитивен беше и уште еден играч од Јувентус, Блез Матуиди. Аргентинецот на крајот на март зборуваше за борбата со коронавирусот и проблемите кои ги имал.

„Денеска се чувствувам многу подобро, иако развив силни симптоми. Сега можам да се движам подобро, да одам и да се обидувам да тренирам. Претходно, едвај дишев, по пет минути активност не можев да правам ништо. Ме болеа мускулите. Сега, за среќа, и јас и Оријана сме многу подобри“, рече неодамна Дибала.

Scroll to Top