Бразилската манекенка Адријана Лима и поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ се заедно во изолација со нивните ќерки Сиена и Валентина. Поранешните сопружници се во Мајами. Неодамна американските медиуми објавија слики на кои тие се заедно. Додека Адријана ги чека на пристаништето, Марко со ќерките се возеше со моторен чамец. Медиумите повторно пишуваа дека можеби додека се во изолација поради короната, тие решиле да си дадат уште една шанса.
Лима и Јариќ се венчаа на Денот на вљубените во 2009 година. По 5 години брак, во кој се родија нивните две ќерки, тие се разведоа во март 2014 година. И покрај разводот, Адријана и Марко останаа во добри односи. Тие лани беа заедно на вечера со со семејството на кошаркарот Владе Дивац. Иако низ годините двајцата беа во врска со други луѓе, нивните фанови често велат дека сакаат да Марко и Адријана да се смират.