Џенифер Лопез на синоќешното доделување на наградите SАG (Screen Actors Guild) наградите во Лос Анџелес, се појави во црн фустан и накит вреден девет милиони долари.
Глумицата и пејачка беше номинирана за улогата во филмот „Хастлерс“, а беше придржувана од нејзиниот партнер, поранешната бејзбол ѕвезда Алекс Родригез.
Накитот кој го носеше е дизајниран од Хари Винстон, а покрај ѓерданот Лопез носеше и дијамантска нараквица и прстен. Модните критичари имаа позитивни коментари, пишуваат медиумите.
Тие го пофалија и нејзиниот изглед. На Лопез косата и беше врзана во пунџа, оставајќи два прамени, а изгледот го комплетираше со неутрална шминка.
Џеј Ло беше номинирана за најдобра споредна улога во филмот „Хастлерс“, а наградата на крајот заврши во рацете на Лори Дерн.