(Галерија) Ирина Шајк е во врска со поранешниот дечко на Хајди Клум

Руската манекенка Ирина Шајк, 10 месеци откако раскина со глумецот Бредли Купер, има нов дечко. Според „Дејли меил“, таа веќе некое време е во врска со трговецот на уметнички дела, Вито Шнабел. Вито, пак, е поранешен дечко на моделот Хајди Клум и тие беа во врска од 2014 до 2017 година.

Инаку, Ирина и Вито се сликани како се шетаат низ Њујорк, иако градоначалникот на градот нареди граѓаните да не излегуваат од своите домови поради коронавирусот. Тие иако имале заштитни маски, не ги носеле. На крајот влегле во станот на Вито, пишува „Дејли меил“.

За потсетување, претходно Ирина беше во врска со Бредли Купер, со кого ја има 3-годишната ќерка Леа. Двојката, наводно, раскина оти Бредли имал афера со Лејди Гага, со која глумеше заедно во филмот „Ѕвездата е родена“, но Гага тогаш демантираше дека биле заедно.

Scroll to Top