(Галерија) Модерно и со стил: куќата на Џенифер Лопез покрај Тихиот Океан

Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез имаат неколку домови во Соединетите Американски Држави. Поради својата неверојатна локација, особено се истакнува оној во Малибу, што неодамна се одлучија да го продадат.

Трикатницата на славниот пар се наоѓа на песочната плажа покрај Тихиот Океан, а се простира на четиристотини квадратни метри.

Опфаќа пет спални соби и 4-5 бањи, како и домашно кино, а благодарение на големите прозорци од секој дел од куќата се добива спектакуларен поглед на околината.

Куќата има и неколку тераси на кои можете да се сончате. Особено искуство нуди седењето во хидромасажната када на една од терасите и уживањето во топлите калифорниски ноќи со омилениот пијалак и смирувачкиот звук што доаѓа од брановите.

Куќата некогаш му припаѓала на актерот Џереми Пивен, а пред две години славниот пар ја купил за 6,6 милиони долари. Џенифер Лопез и Алекс Родригез денеска ја продаваат за 8 милиони долари.

Како изгледа нивната куќа проверете во нашата фотогалерија.

Scroll to Top