(Галерија) Овен Вилсон на одмор во Дубровник, актерот пак ужива во Хрватска

Американскиот актер Овен Вилсон е на одмор во Дубровник со неколку пријатели. Тој се шета низ градот и ја истражува понудата на ресторани, плажи и знаменитости, пишуваат локалните медиуми, кои деновиве објавуваат фотографии со него.

И вработените во познат ресторан во Дубровник се фотографираа со актерот и ја објавија фотографијата велејќи дека тој и неговото друштво уживале во нивната храна и вино.

Ова не е прва посета на Вилсон на Хрватска. Тој лани во Сплит и Дубровник снимаше филм заедно со Салма Хаек. Оваа година во градот е приватно и нема деловни обврски, пишуваат медиумите.

Scroll to Top