(Галерија) Роман Абрамовиќ на одмор во Дубровник, милијардерот повторно во Хрватска

Рускиот милијардер Роман Абрамовиќ ужива на одмор во Дубровник. Тој со неговата јахта уште во средината на јули дошол во Хрватска. Со чамец пристигнал во старото градско пристаниште, по што бил на прошетка по Страдун.

Коментарите на социјалните мрежи се дека луѓето воопшто не го препознале милијардерот на улиците на градот, оти во класичната маслиновозелена маичка, фармерки и патики изгледал како обичен турист, а не еден од најбогатите луѓе во светот.

Инаку, Абрамовиќ ја посетува Хрватска неколку години по ред. Тој секогаш доаѓа со јахтата долга 163 метри, направена во 2009 година во германско бродоградилиште. Може да смести 30 гости, има 70 членови на екипажот, три хеликоптери, дискоклуб, блиндирани прозорци, два базена, велнес-центар и противракетен штит. Изградбата на јахтата чинела 340 милиони евра.

Scroll to Top