(Галерија) Ѕвезди што ги мразат улогите со кои се прославиле

Многу филмски ѕвезди не ги сакаат ликовите кои им донеле светска слава, иако публиката ги обожава. Кејт Винслет, Роберт Патинсон, Емилиа Кларк се само некои од глумците што велат дека да можат да се вратат во времето, би ги одбиле тие улоги.

Емилија Кларк

Иако сите ја познаваме по улогата на Денерис во серијата „Игра на тронови“, Емилија ја глумеше Сара Конор во филмот „Терминатор: Настанување“. Во едно интервју таа рекла дека зажалила за таа улога.

Роберт Патинсон

Роберт ја мрази сагата „Самрак“ и неговата улога на Едвард Кален, иако таа го прослави.

Кејт Винслет

Улогата на Роуз од неа направи светска ѕвезда, a Леонардо ди Каприо ѝ стана најдобар пријател. И покрај тоа, Кејт ја мрази улогата во „Титаник“.

Блејк Ливли

Ѕвездата на серијата „Озборувачка“ не ја сака улогата на Серена Ван дер Вудсен, бидејќи според неа, таа никогаш не можела да се поврзе со ликот кој го глумела.

Зак Ефрон

Улогата на Трој во „Средношколски мјузикл“ го направи ѕвезда, а Зак изјавил дека денес да може, би го претепал Трој.

Scroll to Top