Светски познатиот рок-бенд „Ганс енд роузис“ го прекина концертот во Абу Даби кога пејачот Аксел Роуз се пожалил дека има големи проблеми со стомакот. И пред почетокот на концертот Аксел излегол на сцената и на обожавателите им рекол дека цел ден повраќал, но дека се надева оти ќе може да испее до крај.
„Цел ден сум на инфузија и на инјекции бидејќи се разболев. Повраќам веќе пет часа, но наместо да го откажеме, ќе го направиме најдобриот концерт што можеме“, рекол Аксл.
Концертот е прекинат по повеќе од два часа, кусо пред да заврши.
„Абу Даби, бевте одлични. Аксел беше сериозно болен, но вие бевте одлична поддршка, ви благодарам, се гледаме следниот пат“, напиша по концертот гитаристот Слеш на „Твитер“.