Гери Олдман се ожени петти пат

 

Актерот Гери Олдман се ожени петти пат. Овој пат тоа е писателката Жизел Шмид. Свадбата била пред неколку недели во куќата на својот менаџер Даг Урбански во Лос Анџелес, пренесе „Контакт мјузик“.

Невестата венчалниот прстен го покажала на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Торонто.

Се шпекулира дека парот се вљубил на бизнис-состанок.

Ѕвездата од филмовите „Петтиот елемент“, „Дракула“ и „Хари Потер“ и „Професионалец“ зад себе има четири пропаднати брака.

Со првата сопруга, актерката Лесли Менвил, беше од 1987 до 1989 година, а парот има 28-годишен син. И бракот со колешката Ума Турман траеше само две години.

Со третата сопруга, фотографката Дони Фиорентино, 59-годишниот актер ги доби синовите Гуливер и Чарли, а четрвтиот брак со британската пејачка Александра Алекс Еденборо траеше најдолго – седум години.

Scroll to Top