Глумецот Бил Мареј ќе работи во кинески ресторан

By

Глумецот Бил Мареј за време на гостувањето кај комичарката Еми Шумер „3 девојки 1 Кејт“, открил дека во иднина ќе почне со работи во кинески ресторан во Атланта. Тој кажал дека аплицирал за работа преку „Твитер“, а од ресторанот веднаш му ја прифатиле пријавата.

„Пополнив пријава за работа во кинескиот ресторан „П.Ф. Чанг“, кој се наоѓа на аеродром во Атланта. Мислам дека тоа е едно од најдобрите места за јадење“, изјавил Бил.

Од ресторанот веднаш биле заинтересирани да го ангажираат популарниот глумец, а на прашањето што би сакал да работи, Бил одговорил дека му е сеедно.

„Ќе летам за Атланта само за ова, ако почне да работи“, „Резервирам маса кај Бил“, биле некои од коментарите кои Бил ги добил на „Твитер“.

 

 

Ќе ви се допадне