Глумецот Брајан Кренстон донираше крвна плазма откако прележа корона

Глумецот Брајан Кренстон, ѕвездата на серијата „На лош пат“ (Breaking Bad), донирал крвна плазма откако оздравел од коронавирусот. 64-годишниот актер не откри кога бил заразен, но навести дека тоа се случило во раната фаза од пандемијата. Откри дека имал благи симптоми, како главоболка и затегнатост во градите и го изгубил чувството за мирис и вкус.

„Бев доста прецизен во придржувањето до протоколите, па, сепак, некако се заразив. Носете маска, мијте раце и почитувајте социјална дистанца“, порача Кренстон на „Инстаграм“.

Тој и се снимал себеси како донира плазма во болница во Лос Анџелес.

„Целиот процес трае околу еден час“, напиша Кренстон и додаде дека за тоа време гледал филм од 1950-тите.

Scroll to Top