Глумецот Џони Оу обвинет за обид за убиство

Кубанско-порториканскиот глумец Џони Оу, односно Хуан Ортиз, е во затвор по обвинувањето за обид за убиство. Тој бил уапсен кон крајот на мај, а неделава треба да се појави пред судот. Семејството се обидува да собере 1,12 милион долари за кауција.

Порталот „Ти-ем-зи“ објави судска документација во која се наведува дека Ортиз заедно со Армандо Мигел Наваро пукал во Брајан Дјук. Според доказите, Наваро бил тој што пукал со пиштол, а засега не јасно каква е улогата на Ортиз во сето тоа. Нападот, според документите, е означен како „судир меѓу улични банди“.

Ортиз е познат по улогите во филмовите „Ел Камино“ (продолжението на Breaking Bad), „Пеперминт“, биографскиот „Али“ и други.

Scroll to Top