Глумицата Ема Робертс чека бебе

Американската глумица Ема Робертс е бремена со првото дете. 29-годишната ѕвезда на серијата „Американска хорор приказна“, и внука на Џулија Робертс, објави слики на „Инстаграм“ и потврди дека таа и нејзиното момче Гарет Хедлунд ќе станат родители.

„Јас и моите двајца омилени дечки“, напиша Робертс под една од сликите, па навести дека ќе има син.

Меѓу оние што ѝ честитаа за бременоста беше и нејзината тетка Џулија, која е полусестра на глумецот Ерик Робертс, таткото на Ема.

Робертс и Хедлунд се во врска од 2019 година, откако таа ја раскина свршувачката со колегата од „Американска хорор приказна“, Еван Питерс.

Scroll to Top