Глумицата Габриела Унион доживеала расистички напад во Дубровник

Глумицата Гариела Унион, сопруга на НБА ѕвездата Двејн Вејд, во своите мемоари пишува дека пред две години во Дубровник го доживеала најголемиот расистички напад во нејзиниот живот. „Никогаш не сум почувствувала толку голема омраза“, стои во книгата You Got Anything Stronger? што ја промовираше неодамна.

Унион во своите нови мемоари се сетила на инцидентот кој го доживеала со друштвото во еден ноќен клуб.

„Сакавме да ги имитираме чекорите на Серси од ‘Игра на тронови’, оти во Дубровник се снимаше популарната серијата. Додека се шетавме влеговме во клуб мислејќи дека е геј бар, но кога погледнавме наоколу сфативме дека сме опкружени со луѓе кои беа како неонацисти и се исплашивме. Никогаш не сум го почувствувала тоа ниво на омраза и закани со физичко насилство. И кога излеговме од клубот неколку луѓе продолжија да нè следат“, стои во мемоарите.

„Беше страшно. А стравот и адреналинот од тоа што се случи сите нѐ остави парализирани од страв“, пишува Габриела и додала дека како Афроамериканка секој ден се соочува со расизам.

Scroll to Top