Глумицата Линдзи Лохан се сврши со банкар од Дубаи

Холивудската ѕвезда Линдзи Лохан се сврши со своето момче Бадер Шамас. Линдзи објави слика на Инстаграм и го покажа дијамантскиот прстен.

Лохан и Шамас, се во врска од почетокот на 2020 година. Тие ја чуваа својата љубов подалеку од јавноста и никогаш не се појавуваа заедно. Бадер живее во Дубаи и е помошник потпретседател во банката „Кредит Свис“. Студирал на Универзитетот во Јужна Флорида, на отсекот машинско инженерство, а подоцна студирал на Универзитетот во Тампа, на отсекот финансии.

Лохан, која има кариера повеќе од триесет години, долго време одбиваше филмски улоги. Имаше проблеми со алкохолот и дрогата и неколку пати беше на клиника за одвикнување од зависности. Сепак, глумицата неодамна сними филм за „Нетфликс“ кој наскоро треба да почне да се прикажува на оваа стриминг платформа.

Scroll to Top