Глумицата од „Ѕвездени патеки“, Нишел Николс ќе биде погребана во вселената

Глумицата Нишел Николс, позната по улогата на поручничката Ухура, во „Војна на ѕвездите“, ќе биде погребана во вселената. Урната ќе биде испратена и расфрлана длабоко во вселената со ракета. Син ѝ Кајл Џонсон ја донираше пепелта, откако почина јули годинава на 89 години.

Нејзината пепел ќе биде однесена со ракетата Vulcan Centaur, на компанијата Celestis, кој ќе ја води мисијата Enterprise Flight. Датумот на испорака не е познато, а ќе зависи од тековниот развој на ракетата.

Покрај останките на Нишел, со ракетата ќе бидат испратени и урните на творците на „Ѕвездени патеки“, Џин Роденбериј и неговата сопруга Мајел Берет, која ја глумеше медицинската сестра во серијата. Остатоците на Џејмс Духан, кој го играше инженерот Скоти, исто така ќе бидат на бродот.

Ракетата која ќе полета од „Кејп Канаверал“, ќе носи преку 200 капсули со пепел, примероци со ДНК и имиња, пораки и фотографии кои луѓето од целиот свет ги имаат испратено.

Celestis ќе ги смести капсулите во горниот дел на ракетата, а кои ќе поминат од 150 до 300 милиони километри во вселената и ќе орбитираат околу Сонцето.

За потсетување, Николс беше пионир во филмската индустрија и стана првата црнкиња која ја доби глвната улога на телевизија. Нејзиното наследство е и надвор од екраните, откако служеше и како застапник за „НАСА“ за да го поттикне регрутирањето на астронаутите од недоволно застапените средини.

Scroll to Top