Американската актерка Селма Блаир боледува од Мултипла склероза која лекарите и ја дијагностицирале пред година дена. Блер неодамна на социјалните мрежи сподели фотографии од болницата во Чикаго.
Славната актерка на фотографијата нема коса, која е резултат на тешката терапија на матичните клетки, односно трансплантација на која Блер е подложна со цел да го забави развојот на Мултипла склероза.
„Кога бев во болницата во Чикаго, пријателите доаѓаа со разни подароци меѓу кои беше и мојот омилен ајлајнер, но и други шминки. Заедно се смеевме на мојата неумешност да се нашминкам. Фала ви пријателки“, напиша Селма под фотографијата на која нанесува од шминката.
Блер изјавила дека низ годините ги забележувала симптомите кои ги имала, но не ги сваќала сериозно, се додека не се согасила со предлогот на пријателот кој ја натерал да отиде на преглед. Првично мислела дека станува збор за повреден нерв, но подоцна се испоставило дека од оваа неизлечива болест, глумицата боледува веќе 15 години.
„Се опоравувам. Сега можам подобро да се движам. Отечена сум и ме болат зглобовите. Очите се уште не ми функционираат како што треба. Хемотерапијата и восоката доза на лекови имаат своја цена. Од високата доза која ја добивам поради трансплантацијата, сега ми е потешко отколку на почетокот“, напишала актерката.