Глумците од „Беверли Хилс“ се простија од Дилан Мекеј

По смртта на актерот Лук Пери, кој се прослави со улогата на Дилан Мекеј во тинејџерската серија „Беверли Хилс“, од него се простија и колеги од серијата, Ијан Зеринг, Џени Гарт, Џејсон Пристли и Габрила Кертис. 

„Ќе ми недостигаш пријателе“, напиша Џејсон Пристли, кој во серијата го глумеше Брендон Волш.

Неколку дена пред неговата смрт на својот инстаграм-профил актерката Шенон Доерти, која ја глумеше Бренда Волш, објави нивна заедничка слика и му порача дека секогаш ќе биде покрај него.

https://www.instagram.com/p/BubsonSB5ks/

„Срцето ми е скршено. Им значеше толку многу на многу луѓе. Беше толку посебна личност. Ја делам тагата со неговото семејство и сите кои го сакаа. Страшна загуба“, напиша Џени Гарт, која во серијата ја глумеше Кели Тејлор.

„Срцето ми е целосно скршено. Лук беше моќна сила во животите на многу луѓе. Беше многу нежна душа, беше добар, великодушен и секогаш се бореше за послабите. Беше моќен глас што ќе им недостига на сите кои го познаваа. Остави трага што никогаш нема да биде заборавена. Испраќам љубов до неговото семејство, пријателите и обожавателите ширум светот“, напиша во пораката Габриела Картерис, која ја играше улогата на Андреа Закерман.

Почина Дилан од „Беверли Хилс“

Scroll to Top