Хајди Клум нема коронавирус, само била многу настината

Еден од најпознатите супермодели во светот Хајди Клум (46) се пожали пред десетина дена на социјалните мрежи дека не се чувствува добро.

Нејзиниот сопруг Том Каулиц (30) и таа биле тестирани на коронавирус, а тестот покажал дека се негативни.

„Се чувствувам многу подобро, ви благодарам на сите. Имав само посилна настинка и сè уште се обидувам да оздравам. На сите им испраќам многу љубов“, напиша Хајди на својот инстаграм-профил.

Многубројните обожаватели коментираа дека се среќни што супермоделот не е заразена.

Scroll to Top